понедељак, 18. јун 2018.

Брз колач со малини.



Брз колач со малини вкусен десерт кој може секоја домаќинка да го направи.Можете и друго овошје да користите,но оваа комбинација е посебна.
Состојки:
-1јајце
-200 г.шеќер
-100 мл.масло
-240 мл.млеко
-4 филџани брашно (филџан од 130 мл.)
-1/2 кесичка прашок за пециво
-1 ванилин шеќер
-свежи зрели малини
-2 лажици шеќер во прав
Подготовка:
Изматете ги јајцето и шеќерот во густа смеса.
Додајте ги маслото, млекото, брашното,и прашокот за печиво и ванилата.
Со миксер или жица за матење соединете ги убаво сите состојки.
Тава _24cm, за печење намачкајте ја со малку масло и посипете со брашно.
Истурете половина од смесата,и по цела површина распоредете малини.Покријте ги овошките со остатокот на смесата.



Колачот испечете го на стандарден начин,во претходно загреана рерна на 200С.
Кога го ставите колачот да се пече намалете ја температурата на 180 степени.
Печете ја тортата 15-20 минути и со чепкалка проверете дали е готова и испечена торта-колачот.
Изладен колач исечете на коцки и послужете го како десерт со кафе и чај.
Наздравје..!

понедељак, 28. мај 2018.

Мафини со јогурт и мармелад.




Mафини со јогурт, едноставен десерт, лесно се подготвува и е многу вкусен,со мармелад внатре,за 30мин.готови колачи да се засладите со вашите пријатели.Оваа е смеса за 12 мафини.
Состојки:
-2 јајца
-5 лажици шеќер
-200 мл.јогурт
-50 мл.масло
-15 лажици брашно
-1вреќичка ванилин шеќер
-1прашок за пециво
-мармелад
-шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Во сад за матење ставете ги јајцата додадете го шеќерот и ванилата и изматете.
Потоа по ред додадете ги и другите состојки, јогурт,масло, брашно,и прашок за пециво.
Соединете ги убаво сите состојки.
Во калапи за мафини ставете хартиени корпички, намастете ги со малку масло,и ставете со лажица од смесата,во секоја корпичка.
А во средината ставајте мармалад или може и овошје.



Оставете од смесата за да имате да го покриете мармаладот кој е ставен предходно во средина на колачиња.
Рерната загрејте ја предходно на 200С.а кога ќе ги ставите мафини да се печат се намалува на 180C.
Мафини се печат 15 минути,и печени уште топли се посипуваат со шеќер во прав.
Брзи колачи,лесни и вкусни.

субота, 19. мај 2018.

Чоколадни колачиња.




Чоколадни колачиња со посебен вкус,
со маст домашен вкусен десерт.
Состојки за тесто:
-3 жолчки
-5 супени лажици шеќер
-50 мл.јогурт
-2 вреќички ванилин шеќер
-3 рамни супени лажици свинска маст
-100 г.темна чоколада-рендана
-брашно-т-400 по потреба
-малку прашок за пециво
Подготовка:
Во сад за месење ставете ги жолчките и шеќерот, додадете маст и мешајте со лажица да се соединат.
Потоа додадете го ванилин шеќер, јогурт и рендана чоколада.
Убаво промешајте ги сите состојки.
Постепено додавајте го брашното со малку прашок за пециво,да замесите средно тврдо тесто.
Од тестото со раце кинете парчиња и формирајте топчиња потоа притиснете ги и редете во тава на хартија за печење.
Рерна загрејте ја на температура од 200C ,а колачиња се печат на 180C.15мин.додека се заруменат.
Колачиња се добри како прилог со кафе,или за да си понесете десерт во природа на пикник.

петак, 11. мај 2018.

Фритули со тиквички.


Тиквички ми се омилени,и сакам да ги подготвувам на различни начини.Оваа е еден од моји омилени рецепти.Со прилог од сирење и домашен леб е вкусно јадење за ручек.Оваа е и вегетаријански ручек.



Состојки:
-150г.тиквички
-100г.брашно
-1 јајце
-1 млад кромид
-100мл.бело вино
-1лажица вегета
-мелен бибер
-малку пециво
-30г.рендано жолто сирење
-малку ѓумбир во прав
-масло за пржење
Подготовка:
Тиквички излупете ги,и изрендајте, ставете ги во садот за подготовка, додадете јајце, сирење,и сите зачини, бибер, вегета, ѓумбир и кромидот исецкан на ситни парчиња.
Додадете брашно со пециво и бело вино.
Со лажица соединете ги убаво сите состојки.
Загрејте масло и лажица намастете ја,и со неа земајте од смесата и пржете на загреано масло.
Внимавајте убаво да ги испржите фритулите,превртувајте ги за да добијат убава боја,и од двете страни.
Вкусни се,и како прилог со некое месо.

недеља, 06. мај 2018.

Чоколаден колач со банани.


Чоколаден колач со банани рецепт од една моја книга од мојата архива, со рецепти кои ги имам собирани.
Многу вкусен десерт со малку шеќер во состав.

Состојки:
-1 банана пасирана
-1 јајце
-1/2 прашок за пециво
-110г.брашно
-1 лажица мед
-125г.омекнат маргарин
-100мл.млеко
-2 лажици шеќер
-50г.рендана чоколада за готвење
-1лажица какао
За прелив 50г.чоколада со малку млеко да се истопи и прелие врз колач.
Подготовка:
Изматете јајце со шеќер, додајте млеко,додадете и испасирана банана,и мед.
Маргарин истопете го и него го додавате во садот кај јајце и млеко.
Во друг сад ставете го брашното и прашокот за печиво и какао и рендана чоколада.Потоа измешајте и додадете кај течни состојки.
Со лажица се соединуваат убаво состојките,и се загрева и рерната на 200С.
Долгнавест калап се мачка со малку масло и посипува со брашно.
Смеса за колач се истура во калап и става да се пече на температура од 180С.

Колачот се пече 30 мин.а потоа се лади и прелива со топено чоколадо.
Многу вкусен и лесен домашен десерт,со мирис на банани.
Со чаша млеко може да го јадете и како доручек или вечера.

недеља, 29. април 2018.

Мафини без глутен и млеко и јајца.


Мафини уште еден рецепт за деца со алергија на глутен, многу вкусен десерт.Дома често ги правиме овие мафинчиња за мојот внук.Оваа е и посен десерт.

Состојки:
-120г брашно без глутен
-1/2 прашок за пециво
-2лажици супени пченкарно брашно
-60мл зејтин
-1 мала лажичка какао
-1 вреќичка ванила
-50мл вода
-80г.шеќер
Подготовка:
Се мешаат брашното и какао,со пециво, шеќер и ванилин шеќер.
И се додава зејтин,и вода,јас некогаш додавам и рендана јаболка,тоа е по сопствен избор.
Убаво со лажица се соединуваат сите состојки,и се полнат корпички за мафини.Корпички прво премачкајте ги со масло.
Излегуваат 6 мафини,а се печат во веќе предходно загреана рерна на 200С.
Кога ги ставаме мафини се намалува рерна на температура од 150С.се печат 15мин.
Многу се вкусни и здрави домашни колачиња, може да се јадат и како вечера со оризово млеко.По желба врз колачиња ставете рендана посна чоколада.

среда, 25. април 2018.

Torta bez gluten I mleko.


Ovaa torta ja kreirav za deca I vozrasni alergicni na gluten I mleko.Mnogu e vkusna poodamna ja imam praveno.
I sega eve recept,za moite citateli.Malku slika mi e so los kvalitet no torta e posebno vkusna.



Sostojki:
-1zoltka
-50g secer-kristalen
-80ml maslo-zejtin
-150g brasno bez gluten
-1/4 prasok za pecivo
-malku soda bikarbona
-6 Mali lazicki djem od kajsija
-20ml Voda
-50g proino brasno-pcenkarno
-1malo lazice Kakao
-200g crna posna chokolada
+Malku djem za fil
-1 banana
Podgotovka:
Se mati zolcka so secer-kristalen,se dodava maslo,brasno bez gluten,pcenkarno brasno,pecivo,soda,I djem od kajsija.
Se dodavaat kakao i voda,I smesata ubavo se soedinuva so mesanje so lazica.
Se zema mala tava precnik 20cm.se oblaga so masna hartija,I se sipuva smesa za torta da se pece.

Rernata treba da e zagreana na 200C,se pece torta 10 min,na 200C,a potoa se susi 15min,na poniska temperatura 120-150C.
So cepkalka proverete dali e pecena torta.
Cokolada ja topime 200g, so 12 lazici maslo I 3-4 lazici voda.
Izladena torta se sece po sredina se prska so sok da e posoftna,se premackuva so djem od kajsija i del od chokolada.
Se stava druga polovina od torta,se prska pak malku sok,se redat krugovi banana I se preliva cela torta so topena chokolada.
Od ovaa smesa ce imate 10 serviranja.
Torta e mnogu vkusna,I e golema radost za alergicni lica na gluten-posebno za Rodenden na deca.

понедељак, 23. април 2018.

KIFLICKI SO SUNKA


Kiflicki so sunka mnogu vkusni i meki domasni testenini, odlicni za dorucek,ili vecera.

Sostojki:
-2 jajca-so domasni jajca.
-1 belka od jajce
-150ml maslo-zejtin
-2 fildzana od 200ml topla kisela gazirana Voda
-brasno t-400 po potreba okolu 800g.
-1 mala lazicka sol
-2 mali lazici secer-kristalen
-pola kocka svez kvasec
-1zoltka za premackuvanje
-malku susam
-malku margarin za odozgor
-sunka
Podgotovka:
Vo sad za mesenje se stava brasno i vo sredina se stava kvasec.Voda se zagreva I dodava na kvasec,se dodava secer-kristalen,sol i maslo-zejtin.
Se dodavaat jajca i belka,se mesi testo od ovie sostojki,dodeka ne pocne da se odvojuva od sadot.Dodavajci brasno po potreba.
Se pokriva so krpa i ostava da stasa 1 cas.
Stasano testo se vadi na rabotna povrsina I deli na dve topki,se izmaznuvaat topkite I ostavat 10min.da odmorat.
Topkite se rasukuvaat I so noz za kafli se secat triagolnici po zelba golemina.Na sekoj triagolnik se stava parce sunka I vitkaat kiflicki.


Se redat kiflicki na hartija za pecenje vo tava.
Sekoja kiflicka se premackuva so zolcka,se stava,po parce od margain ,se soli I malku susam.
Se vklucuva rerna na 250C a kiflicki ostavaat da stasat 15min.
Vo zagreana rerna se pecat kiflicki 10-15min na 250C.
Ovaa se navistina vkusni kiflicki,na koi nema da im odolee nikoj.Se sluzat so jogurt,ili so sirenje.

петак, 13. април 2018.

Slani mafini




Soleni mafini viusni i meki testenini,od domasna kujna.Cesto gi pravam pa sakav da go spodelam receptot.Brzi I odlicni za dorucek.
Izleguvaat 6 mafini.
Sostojki:
3 polni lazici Belo brasno t-400
3 polni lazici pcenkarno brasno
pola lazice malo Sol
150ml jogurt
50ml maslo-zejtin
malku sunka
Malku sirenje se e po vkus.
Za odozgor malku rastitelen kaskaval.
1mala lazicka pecivo.
1 jajce
Podgotovka:
Se mesat dvete brasna so prasok za pecivo,se dodavaat po red site sostojki.Ubavo se soedinuvaat so lazica.Potoa se zema od smesa pa se polnat celosno hartieni korpici za mafini,I na sekoe mafince se stava parce kaskaval.Korpicki premackajte gi so maslo za polesno da se odvojat pecenite mafini.
Pecete gi 15min na 180-200C. Vo vece zagreana rerna na 200C.

петак, 25. август 2017.

Колач од јаболко & Apple cake


Колач од јаболко
Сакав десерт од јаболко.имав повеќе рецепти, но овој ми се допадна го надополнив со моји продукти што ги сакав, и го направив овој вкусен колач.И лесен ѕа брз за подготовка како десерт.
Состојки:

-1 јајце
-3 филџани ѕа кафе сеќер
-1 филџан масло
-2 филџани јогурт или млеко
-4 филџани брашно
-ванилин шеќер
-1/2 вреќичка прашок за пециво
-3 рендани јаболка
-цимет
-2 лажици презла
-шеќер во прав
Подготовка:
Изматете ги јајцето и шецерот во густа смеса.Додајте ги масло,јогурт,ванилин шецер брашното и прашок за пециво.
Тавата ѕа печење намачкајте ја со масло, и посипете ја со брашно.
Јаболко излупете го и изрендајте.
Половина од смесата истурете ја во тава за печење.
Наредете ги јаболко рендано и посипете со презла,наросете цимет.
Покријте ги јаболко со остаток од тестото,измазнете ја површината и ставете колач да се пече во веќе загреана рерна на 200Ц.
Пецете 30мин '40 мин.
По желба колачот посипете го со сецер во прав.


***********************************************
Recipe in English:

Apple cake
I wanted an apple dessert. I had several recipes, but I liked this one, supplementing it with my products I loved, and I made this tasty cake. And easy to say, ready for preparation as a dessert.
Ingredients:
-1 egg
-3 coffee cups=130 ml sugar
-1 cup oil
-2 cups yogurt or milk
-4 cups of flour
- vanilla sugar
-1/2 bag of pastry
-3 grated apples
-cinnamon
-2 tablespoons of bread crumbs
- sugar powder
Preparation:
Mix the egg and the sugar in a dense mixture. Add oil, yogurt, vanilla sugar, flour and baking powder.
Grease the baking pan with oil, and sprinkle with flour.
Peel and grated the apple.
Pour half of the mixture into the baking pan.
Arrange the apple grated and sprinkle with a bowl, sprinkle cinnamon.
Cover the apple with the remainder of the dough, smooth the surface and put the cake bake in an already heated oven at 200C.
bake 30 min '40 min.
If desired, sprinkle the cake with a sugar powder.

среда, 23. август 2017.

Фантазија торта.**Fantasy cake


Birthday cake pictures,very tasty cake with my home.Its inspiration with net.For birthday you children.



Фантазија торта
Рецепт на кој името сама му го дадов и со пофалби дека тортата е преубава по вторпат кај мене порачана.
Многу вкусна домaшна торта за роденденски прослави.
Состојки за 3 кори.
-6 белки од јајце
-125г кристален шеќер
-120г мелени ореви
-2 лажици брашно
-1 прашок за пециво за сите кори
Сите 3 кори се матат со иста метода само во 2 и 3 кора се става по 3 штангли рендана чоколада.
За фил состојки:
-18 жолтки
-14 лажици шеќер
-1л.млеко
-1,5 маргарин
-12 лажици брашно
-350г шеќер во прав
-100г црна чоколада
-2 лажици екстракт од ванила
-100г млени бадеми или ореви во фил
Подготовка на фил.
Млеко се става да се вари во поголем сад,се остава малку ладно.
Во друг помал сад се мешат жолтчки со шеќер и брашно,и се додаваат во врело млеко.
Се вари густ фил и се остава да се лади на страна.
Маргарин се мати со шеќер во прав,и оладен фил се додава,се соединуваат со миксер.Чоколада се топи, и бадемисе прскат со ванилин екстракт се секчkaат покрупно и се додават во топла чоколада.
Потоа се соединуваат со фил,и се филува цела торта.
За испод фондант се користи посебна маса ѕа облагање за која има рецепт на сајт.
За декорација се користи фондан однапред направен 1,5 кг.до 2 кг и за фигурки и други детаљи.

********************************************************
Recipe in English:
Fantasy cake
Very delicious home cake for birthday celebrations.
Ingredients of 3 barks
-6 egg whites
-125 g of crystalline sugar
-120g of crushed nuts
-2 tablespoons of flour
-1 baking powder for all the barks
All 3 crust are mixed by the same method only,and in 2 and 3 bark,adds of grated chocolate.
For the fill ingredients.
-18 yolks
-14 tablespoons of sugar
-1l. milk
-1.5 margarine
-12 tablespoons of flour
-350 g of powdered sugar
-100g of black chocolate
-2 tablespoons vanilla extract
-100 g of almonds or walnuts in filling
Preparation of fill:

Milk is placed to boil in a larger bowl,leave to a little cold milk.
In another small bowl, mix egg yolks with sugar and flour, and add to the hot milk.
Boil the thick fill, and let it cool to the side.
Margarine stir and mix with powdered sugar, and add the cooled fill,mix well ingredients Chocolate melts and almonds are sprinkled with vanilla extract connect to hot chocolate.

Then combine it with fill and fill the entire cake.
For the top cover the cake cover for the bottom of the fondant has a recipe on the site.
For decoration a fondant in advance made 1.5 kg to 2 kg is used and for figures and other details.


Торта со суво овошје.//Cake with dried fruits.



Домашна торта со суво овошје вкусен десерт од моја кујна.
Еве кајо јас ја направив оваа торта.
Состојки за 4 кори.
Прва кора и втора заедно се матат:
-5 белки
-1жолтка
-6 лажици шећер
-4 лажици брашно
-по 6 лажици сецкано суво грозје и сецкани смокви.
посипани со малку брашно.
Измати белки со шећер,додај жолчка.Матете убаво и додадете брашно малку пециво и сецкани суви овошја.
Печка загрејте на 200С.а кори печете на 150С..15мин.
За втори кори исто:
Измати 5 белки со 6 лажици шећер, додајте 1 жолчка матете,и се додава брашно 4 лажици,и 6лажици сецкани бадеми,малку пециво.
Печете исто како прва кора 15мин.на150С.
За фил-1 потребно:
-1л.млеко
-1пудинг од ванила
-8л.густин
-300г.шећер кристал
-250г.маргарин
-4 жолчки
-2 ванила шећер
Фил 2:
-1коцка маргарин
-4 жолчки
-100г.шећер во прах
-4 лажици кристал шећер
-200г топено чоколадо
-200г.мелени бисквити-со малку сок од портокал
-1 ванила
Подготовка на филови:
За прв фил се вари млеко да зоврие,а малку се остава ладно се меша со жолтки и кристал шећер. Фил се вари на вообичаен начин.Ладно млеко пудинг и густин се мешаат со жолчки во посуда. Сварен фил се остава да се лади.
Втор фил се стават жолтки со кристал шећер и се стават да се варат на пареа или најтивко на плотна.
Чоколада се крши и меша со жолтки,се загреваат заедно. Не треба да зоврие смеса.Бисквити се мелат се додава сок и се стават ви чоколаден фил.Се остава да се лади смеса.
Изладени филови се додаваат во посуда со изматен маргарин и ванила,и се филува торта.
Кора жолт фил,црн фил,се така цела торта. Се истава да се лади во фрижидер.И следен ден се овлага со домашен фондан.

Јас правев две торти,со прилагодени продукти.
Оваа е рецепт за помала торта.

**********************
Recipe in English:
Cake with dried fruits.

Homemade cake with dried fruit tasty dessert from my kitchen.
Here I've made this cake.
Ingredients for 4 bark.
First bark and second together:
-5 whites
-1yolk with eggs
-6 tablespoons sugar
-4 tablespoons flour
- 6 tablespoons chopped raisins and chopped figs.
Sprinkled with little flour.
Mix the whites, with a sugar, add yolk. Make it nice and add flour a little pastry and add chopped dried fruits.
Heat the oven at 200C. Bake at 150C..15min.
For second bouts same:
Take 5 proteins with 6 tablespoons of sugar, add 1 egg yolk, and add 4 tablespoons of flour, and chopped chopped almonds, a little pastry.
Bake just like the first crust 15min. 150C.
For Fill-1 Required:
-1l. milk
Vanilla vanilla
-8l.
-300g. Crystal
-250 grams of Margarine
-4 yolks
-2 vanilla sugar
Phil 2:
-1color margarine
-4 yolks
-100g.hezer in powder
-4 tablespoons crystal sugar
-200g melted chocolate
-200 gr. Biscuits-with a little orange juice
-1 vanilla
Preparation of Films:
For the first fill, boil milk to boil, and a little left cold mixing with a yellow and crystalline sugar. Fil is boiled in the usual way. Oily milk pudding and dessert are mixed with yolks in dishes. The weld is left to cool.
Place the second fillet with yellow crystalline sugar and place it steamed or slowly to the dense.
Chocolate breaks and mixes with yellowish ones, they heat up together. It does not need to boil the mixture. Briskites are melted and the juice is added and chocolate filets are placed. It is left to cool the mixture.
Chilled fillets are added to dishes with scalded margarine and vanilla, and the cake is filed.
Cora Yellow Filet, Black Fill, are the whole cake. It is drained to cool in a refrigerator. And the next day, it is enriched with a home fund.
I made two cakes, with customized products.

This is a recipe for a smaller cake.

субота, 19. август 2017.

Knjiga torta @ Book cake.pictures.


Thisis cake pictures for birthday..book cake for two children.
Oваа е торта за роденден на две машки деца.Родено во ист ден,но не и иста година,браћа.

среда, 16. август 2017.

Роденденска торта книга со ресана.


Интересна роденденска торта со форма на книга.
Birtday cake pictures and recipe.
Oваа е вкусна роденденска торта.Комбинација на кори со јајца и ресана во средина.
Состојки:за 3 кори.
-5 белки за 1 кора измати со 8 лажици шећер,70г.сецкани бадеми додадете 3 лажици брашно и малку пециво.и печете на 150С 15мин.
-така изматете 2кори а во трета кора се додаваат 50г сецкана чоколада и малку какао во прав.
-а четврта кора е ресана колачи 3 паковки.
За фил состојки:
-1литар млеко
-2врећички пудинг од ванила
-15 жолтки
-5лажици брашно
-200г.мелени бисквити
-5лажици кристал шећер
-250г маргарин или путер
-100г.сечкана црна чоколада
-250г прав шећер
-100г.сечкани бадеми
-2врећички ванила
Фил се прави на вообичаен начин, се вари млеко во поголемо тенџере,а се остава дел од млеко за изравотка на крем.
Во друга посуда се матат жолтки со кристал шећер додадете пудинг од ванила, и брашно.
Постепено додајте и ладно млеко.
Измиксирајте и сипете во врело млеко.
Варете фил додека ѕе згусне.
Тргнете фил да се лади.
Измиксајте маргарин со ванила и прах шећер,и додадете постепено од фил.
Соединете ги состојките убаво,додадете сечкана чоколада, сечкани бадеми пак убаво измиксајте и филувајте торта.
На вообичаен начин ставете 1 светла кора,пак третина од фил,темна кора и пак од фил,потоа наредете по цела површина ресана колачи.
На секој колач прскајте од сок од портокал.
Покријте со фил цела површина врз ресана израмнете.

Ставете ја и трета кора и израмнете цела површина. Со раце и фолија,формирајте форма на книга.


Оставете 5-6сати да се спојат филови и после украсете по желба.Јас ја украсив со шлаг и одозгора ставив купени слики кои се јестиви за украс.
Оваа е торта за две машки деца родени во ист ден во разни години.
Многу убава роденденска декорација и торта.

субота, 12. август 2017.

Сладолед коцке.**Ice cream cubes.


Сладолед коцке,домашен десерт,моја комбинација на торта и сладолед.Мене лично ми се допађа.
Можете да го служите и како колач во летен период и како сладолед.

Состојки:
-2врећички готов сладолед во прав од малина
-1шлаг пена во прав
-100мл.сок од ананас од тетрапак
-200мл млеко
-1здела готови ронети трошки од купен пандишпан,јас ставив колач со рибизли изронет..вие по вкус ставете.
-ѕо пандишран измешајте рибизли повкусно е.
-50г.чоколадни трошки за декорација
Подготовка:
Во сад за матење ставете смеса за сладолед,додадете сок од ананас и матете.Покасно сипете половина од млеко и матете додека ѕе згусне сладолед.
Во друг сад матете шлаг пена со млеко густо.
Соединете ги изматените смеси.Може и се заедно да се измати густо.
Торта или готов пандишран изронете.Во здела за мрзнење ставете слој од половина количина сладолед и селата количина од трошки торта.Со вилушка лесно измешајте.Потоа сипете одозгора остаток од сладолед смеса.
Посипете со трошки од црна чоколада и замрзнете.
Готов сладолед послужете како колачи исечени на коцки или како сладолед во чаши.
Многу е вкусен иако делува необично...јас имав направено торта од рибизли и ми беше останато малку.Оваа е и начин да се искористи храна која може и во друга форма.За време на мој одмор јас цело време сликав и пишував ново креирани рецепти.
Така да сликите ако успешно ги преземам ће ги објавам или ће направам нови..😀.
†*******************************
Ice cream cubes.
Thisis desert my combination,I like mix various tastes.I smoked a dough cake dish and aded to the middle of the ice cream.I got a tasty summer dessert.

Ingredients:
-2bags of ice cream powder
-1cream foam
-100g.juice with pineapple
-200g.milk
-1cup currant with cake rest
-and dought with cake
-coats with dark chokolate for decoration.
Preparation:
In the bowl add two bag ice cream and juice,mix well.

Later add half of milk readi mix good.
In special container add cream foam and milk mix well.

When the mixture is concentrated.Combine ingredients.
In container for freezing add half ice cream,and put dough in middle a little currant. Mix little gough,and cover with the reset of the ice cream mixture.
Sprinkle with chocolate crumbs.
Put ice cream in freezing weel and serve as a summer desert.Serve to the cubes in a plate or desert in cup.
Sweet and fres desert,I love it and I have good recipe for you.
Nice summer days for all visit of my site..!😃

LinkWithin

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Cizkejk so jagode i cresa.//Strawberry cheesecake and cherries

Cizkejk torta e moj segasen recept,za desert koj go podgotviv so jagode,i cresi.Vkusna i interesena,moja prva cizkejk torta.Prva i vednas n...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Google+ Followers

Posetioci u realno vreme.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3