недеља, 06. мај 2018.

Чоколаден колач со банани.


Чоколаден колач со банани рецепт од една моја книга од мојата архива, со рецепти кои ги имам собирани.
Многу вкусен десерт со малку шеќер во состав.

Состојки:
-1 банана пасирана
-1 јајце
-1/2 прашок за пециво
-110г.брашно
-1 лажица мед
-125г.омекнат маргарин
-100мл.млеко
-2 лажици шеќер
-50г.рендана чоколада за готвење
-1лажица какао
За прелив 50г.чоколада со малку млеко да се истопи и прелие врз колач.
Подготовка:
Изматете јајце со шеќер, додајте млеко,додадете и испасирана банана,и мед.
Маргарин истопете го и него го додавате во садот кај јајце и млеко.
Во друг сад ставете го брашното и прашокот за печиво и какао и рендана чоколада.Потоа измешајте и додадете кај течни состојки.
Со лажица се соединуваат убаво состојките,и се загрева и рерната на 200С.
Долгнавест калап се мачка со малку масло и посипува со брашно.
Смеса за колач се истура во калап и става да се пече на температура од 180С.

Колачот се пече 30 мин.а потоа се лади и прелива со топено чоколадо.
Многу вкусен и лесен домашен десерт,со мирис на банани.
Со чаша млеко може да го јадете и како доручек или вечера.

LinkWithin

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Istaknuti recept.

Bombici so biskviti i zele bomboni./Bomblets are biscuits and jelly candies.

Jedna moja varijanta domasni sitni kolaci,a ednostavni za podgotovka.Mene mi se dopadja i vkusot i izgledot.Sigurno ste vo potraga po nesto ...

Читаоци

Архива чланака

Образац за контакт

Име

Имејл адреса *

Порука *

Google+ Followers

Posetioci u realno vreme.

Укупно приказа странице

Content.ad - Widget 3